Американската пејачка и актерка Ајрин Кара, која се прослави со насловните песни од филмовите „Слава“ и „Флешденс“, почина на 63 години. Нејзината публицистка Џудит Мус изјави дека Кара починала во својот дом во Флорида, но причината за смртта не е позната.
Родена во Њујорк во 1959, Кара почнала да снима музика уште како дете и се појавила во бројни мјузикли на Бродвеј. Големиот пробив го направи во 1980 година кога ја доби една од главните улоги во филмскиот мјузикл „Слава“, во кој ја отпеа и насловната песна. Притоа беше номинирана за Златен глобус за најдобра актерка и освои Греми награда.
Три години подоцна, Кара го напиша и отпеа безвременскиот хит „Флешденс… какво чувство“ (Flashdance… What a Feeling) од блокбастерот „Флешденс“ и освои Оскар, Златен глобус и Греми.
Кара објави четири студиски албуми и сними песни за уште 15-ина филмови.