РУСКИОТ МИЛИЈАРДЕР ВЈАЧЕСЛАВ ТАРАН ЗАГИНА ВО ХЕЛИКОПТЕРСКА НЕСРЕЌА КАЈ МОНАКО

    РУСКИОТ МИЛИЈАРДЕР ВЈАЧЕСЛАВ ТАРАН ЗАГИНА ВО ХЕЛИКОПТЕРСКА НЕСРЕЌА КАЈ МОНАКОТаран се збогати преку бизнисот со криптовалути (Фото: Либертекс)

    Рускиот милијардер Вјачеслав Таран, кој се збогати на криптовалути, загина откако неговиот хеликоптер се урна кај Монако при добри временски услови. Педесет и тригодишниот Таран е третиот бизнисмен со криптовалути кој неочекувано почина во изминатите недели, по Тијантијан Куландер (30), кој починал во сон и Николај Мушегијан (29), кој се удавил на плажа во Порторико.

    Хеликоптерот на Таран се урнал близу ресортот Вилфранш-сур-Мер откако полетал од Лозана. Покрај него, загинал и 35-годишниот пилот.

    Јавниот обвинител на Ница не ја исклучи можноста дека е вмешана трета страна, особено што на летот наводно требало да има уште едно лице, кое се откажало во последен момент.

    Таран бил коосновач на трговско-инвестициската платформа „Либертекс“ и во последните десет години живеел во Монако. Украинската новинска агенција УНИАН објави дека Таран бил поврзан со Руската странска разузнавачка служба и дека преку своите операции со криптовалути перел пари од руски фондови.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира