Три контејнери синоќа се запалени на Бит пазар во Скоје, а во парк шумата Гази Баба еден летниковец и искршен е детски реквизит. Од ЈП „Комунална хигиена“ велат дека опожарените контејнери со зафатнина од 3,2 метри кубни се целосно уништени и неупотребливи.
„Со цел да не се наруши динамиката на одлагање, собирање и транспорт на комуналниот отпад, опожарените садови веднаш се замени со нови. Ова е трет случај годинава од непознати сторители да бидат опожарени садови за одлагање отпад на истата локација“, велат од ЈП „Комунална хигиена“.
Од претпријатието апелираат да престане уништувањето на контејнерите, за можат навремено да ги извршуваат своите работни обврски на терен.
Сите случаи на опожарување на контејнерите се пријавени до МВР, но досега никој не е фатен и казнет.
А. АНТЕВСКА