ВО ПАРИЗ ПРОМОВИРАНИ ФРАНЦУСКИТЕ ПРЕВОДИ НА ДЕЛА НА АНДОНОВСКИ, БУЖАРОВСКА И СТЕФАНОВСКИ

    ВО ПАРИЗ ПРОМОВИРАНИ ФРАНЦУСКИТЕ ПРЕВОДИ НА ДЕЛА НА АНДОНОВСКИ, БУЖАРОВСКА И СТЕФАНОВСКИАндоновски на вчерашната промоција во Париз. (Фото: Фејсбук)

    Три книги од тројцата македонски автори: Петар Андоновски, Румена Бужаровска и Горан Стефановски, преведени на француски јазик, вчера беа промовирани на Институтот Иналцо во Париз.

    Сите три дела: „Страв од варвари“ од Аноновски, „Мојот маж“ од Бужаровска и „Книга со избрани есеи“ од Стефановски ги преведе Марија Бежановска, а настанот се одржа во рамки на програмата „Македонски денови“.

    Андоновски за „Страв од варвари“, која на француски ја издаде „Grassroots Publishing“, пред две години беше еден од 13-темина лауреати на Наградата за литература на Европската Унија.  Збирката раскази „Мојот маж“ на  Бужаровска деновиве се најде на листата на 100 највпечатливи книги за 2022 во Франција, која ја објави француското книжевно списание „Лир“ (Lire). Книгата на француски јазик ја издаде „Галимар“ од Париз.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира