УАПСЕНИ КРАДЦИ КОИ ИСЕКЛЕ ГРАФИТ НА БАНКСИ ОД ЅИД НА ЗГРАДА ВО УКРАИНА

    УАПСЕНИ КРАДЦИ КОИ ИСЕКЛЕ ГРАФИТ НА БАНКСИ ОД ЅИД НА ЗГРАДА ВО УКРАИНАГрафитот не е оштетен и полицијата го чува. (Фото: Арт њуспејпер)

    Мурал од светски познатиот графити-уметник Банкси остана неоштетен откако неколкумина се обиделе да го украдат од ѕид на разурната зграда во Украина. Групата отсекла парче од фасадата на ѕидот на која имаше уметничко дело со жена со гас маска, соопшти полицијата. Уапсени се повеќемина на лице место во Хостомел и сликата била зачувана.

    Графитот не е оштетен и полицијата го чува, изјави гувернерот на Киевскиот Регион, Олексеј Кулеба.

    „Овие слики се, сепак, симболи на нашите борби против непријателот. Ова се приказни за поддршката и солидарноста на цивилизираниот свет со Украина. Ние ќе сториме сѐ за да ги заштитиме овие дела на улична уметност како симбол на нашата победа“, напиша тој на Телеграм.

    Полицијата објави фотографии од жолт ѕид во Хостомел, со голема исекотина во ѕидот од тули.

    Банкси претходно објави повеќе дела на уништени згради од воените напади на Русија во Украина, во повеќе градови како Хостомел, Хоренка и Бородјанка.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира