ЈАПОНСКАТА АМБАСАДА ДОНИРАШЕ КАРДИОЛОШКИ ЕХО АПАРАТ ОД 60 ИЛЈАДИ ЕВРА НА ОПШТАТА БОЛНИЦА КУМАНОВО

    ЈАПОНСКАТА АМБАСАДА ДОНИРАШЕ КАРДИОЛОШКИ ЕХО АПАРАТ ОД 60 ИЛЈАДИ ЕВРА НА ОПШТАТА БОЛНИЦА КУМАНОВОАмбасадорот Савада Хиронори денеска присуствуваше во Куманово по повод затворањето на грантот од програмата ГГП(GGP), преку кој Јапонија финансираше над 60 проекти во здравствениот сектор во вкупна вредност од 3 милиони евра во медицинска опрема, реновирање на клиники и набавка на возила за брза помош, меѓу кои и апаратот за Кумановската болница. (Фото: СДК.МК)

    Интерното одделение во Општата болница Куманово доби кардиолошки ултразвучен апарат во вредност од 59.094 илјади евра донација од Јапонската Влада. Апаратот се користи на интензивната нега за откривање на интерните болести.

    „Овој апарат е многу потребен на нашата болница, која опслужува 6 општини не само со дијагностички методи и амбулантски прегледи, туку и со хоспитален третман на сите пациенти што имаат потреба од болничко лекување. Улразвучниот апарат ни беше неопходен за итните случаи коишто доаѓаат било со кардиолошка патологија или со некои други ургентни состојби, за кои е потребен преглед на софистициран апарат заради брза дијагностика и ефективно третирање на истата. Со овој апарат спасени се многу животи, особено на млади луѓе кои не знаеле дека имаат срцеви проблеми и никогаш претходно не направиле преглед“, изјави директорката на Општа болница Куманово, Снежана Захариева.

    Амбасадорот Савада Хиронори денеска присуствуваше во Куманово по повод затворањето на грантот од програмата ГГП(GGP), преку кој Јапонија финансираше над 60 проекти во здравствениот сектор во вкупна вредност од 3 милиони евра во медицинска опрема, реновирање на клиники и набавка на возила за брза помош, меѓу кои и апаратот за Кумановската болница.

    „Драго ми е што за една година со овој апарат се извршени повеќе од 500 прегледи. Со помош на новиот ехо апарат пациентите од 6 општини во Севериосточниот регион добиваат навремена дијагноза и прецизна терапија. Јапонскит народ е среќен и горд што помага на македонскиот народ да има поквалитетни здравствени услуги“, кажа амбасадорот Савада, кој додаде дека досегашната јапонска поддршка на земјава изнесува 8,5 милиони евра за 171 проект.

    На промоцијата присуствуваше и градоначалникот Максим Димитриевски, кој кажа дека Општина Куманово има одлична соработка со Јапонската амбасада и реализирани се поголем број на проекти. Тој најави збратимување со некој јапонски град.

    С. НИКОЛИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира