ОД ОКТОМВРИ 2023 ПОЕВТИН РОАМИНГ СО ЗЕМЈИТЕ ОД ЕУ

    ОД ОКТОМВРИ 2023 ПОЕВТИН РОАМИНГ СО ЗЕМЈИТЕ ОД ЕУДоговорот по извесен период предвидува целосно укинување на роаминг тарифите за земјите од Западен Балкан со европските земји. (Фото: Влада на РСМ)

    Од октомври 2023, земјите од Западен Балкан ќе плаќаат поевтин роаминг со земјите членки на Европската унија. Премиерот Димитар Ковачевски денеска во рамките на Самитот Западен Балкан во Тирана заедно со лидерите од Западен Балкан потпишаа договор за пониски роаминг цени.

    Со овој договор од 1 октомври 2023 година Република Северна Македонија, Албанија, Србија, Црна Гора, Косово и БиХ ќе имаат пониски тарифи во роаминг со земјите од Европската Унија. Истиот договор по извесен период предвидува целосно укинување на роаминг тарифите за земјите од Западен Балкан со европските земји.

    Денешното потпишување на договорот е уште една силна потврда за нашата европска иднина и интензивната соработка на земјите од Западен Балкан со земјите од ЕУ. Со овој договор од денес ќе сме поповрзани со земјите од ЕУ и ќе можеме полесно и побрзо да одиме по европскиот пат. Со овој договор се овозможува поголема поврзаност и практична и економска придобивка и за граѓаните и за бизнисот“, кажа Ковачевски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира