ВО ГЕРМАНИЈА УАПСЕНИ 25 ЕКСТРЕМНИ ДЕСНИЧАРИ И БИВШИ ОФИЦЕРИ КОИ ПЛАНИРАЛЕ ДРЖАВЕН УДАР И ФОРМИРАЊЕ НОВО ЦАРСТВО НА ЧЕЛО СО ПРИНЦОТ ХАЈНРИХ

    ВО ГЕРМАНИЈА УАПСЕНИ 25 ЕКСТРЕМНИ ДЕСНИЧАРИ И БИВШИ ОФИЦЕРИ КОИ ПЛАНИРАЛЕ ДРЖАВЕН УДАР И ФОРМИРАЊЕ НОВО ЦАРСТВО НА ЧЕЛО СО ПРИНЦОТ ХАЈНРИХГрупата на крајни десничари и бивши воени офицери планирала да упадне во парламентот (Фото: Гети)

    Дваесет и пет луѓе се уапсени во рации низ Германија, осомничени дека сакале да ја соборат владата. Германските медиуми велат дека групата на крајни десничари и бивши воени офицери планирала да упадне во зградата на парламентот и да ја преземе власта.

    Еден од водачите на групата е 71-годишен Германец кој се ословува себеси како принцот Хајнрих Тринаесетти. Според федералнте обвинители, тој е меѓу оние кои се уапсени во 11 сојузни покраини.

    Меѓу заговорниците се и членови на екстремистичкото движење Граѓани на Рајхот, кое полицијата го следи подолго време поради насилни напади и расистички теории на заговор. Ова движење исто така не ја признава модерната германска држава.

    Се проценува дека 50-ина мажи и жени биле дел од групата која планирала соборување на републиката и нејзина замена со нова држава, обликувана според Германија од 1871 година, царство познато како Вториот Рајх. Лидер на новата Германија требало да биде принцот Хајнрих.

    Сè уште немаме име за оваа група“, изјави портпаролката на федералното јавно обвинителство, додавајќи дека таа планирала насилен државен удар од ноември 2021.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира