БИТОЛСКИОТ УНИВЕРЗИТЕТ БАРА ОТВОРАЊЕ НА ФАКУЛТЕТИ ЗА МЕДИЦИНА И ЗА УМЕТНОСТ

    БИТОЛСКИОТ УНИВЕРЗИТЕТ БАРА ОТВОРАЊЕ НА ФАКУЛТЕТИ ЗА МЕДИЦИНА И ЗА УМЕТНОСТОд прославата на патрониот празник на Универзитетот „Св. Климент Охридски“. (Фото: СДК.МК)

    До крајот на оваа година Универзитетот „Св. Климент Охридски“, Високата медицинска школа и Клиничката болница од Битола ќе поднесат иницијатива до Владата за школата да прерасне во Факултет за медицински науки.

    „Ги правиме сите напори да ја овозможиме оваа идеја. Идната година Високата медицинска школа слави 35 години постоење и е синоним за создавање квалитетен медицински кадар. Од друга страна, повеќе од евидентен е недостатокот на доктори на медицина во државата и овој проблем не може лесно да се надмине. Битола е единствениот град кој има Клиничка болница, а нема факултет“, рече ректорот Игор Неделковски.

    Тој смета дека Битола има капацитет и за отворање на Факултет за уметности бидејќи во градот опстојуваат Државно средно музичко училиште, многу успешен Народен театар и развиена ликовна уметност.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира