Познатиот американски спортски новинар Грент Вол почина во Катар откако му се слоши за време на натпреварот Аргентина-Холандија синоќа.
Организаторите на Светското првенство во Катар велат дека на Вол му се слошило во прес зоната, каде што добил итна медицинска нега. Тој потоа бил префрлен во болница, додадоа организаторите.
Засега се нејасни околностите околу неговата смрт.
Вол беше кусо приведен на 21 ноември, кога се обиде да влезе на стадионот „Ахмад Бин Али“ со маичка со виножито како поддршка за ЛГБТ заедницата.