ИТАЛИЈАНСКИ ЕВРОПРАТЕНИК БИЛ ПОТКУПЕН СО ОДМОР ОД 100.000 ЕВРА, УАПСЕНИ И НЕГОВИТЕ СОПРУГА И ЌЕРКА ВО ИСТРАГАТА ЗА КОРУПЦИЈА ВО ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ

    ИТАЛИЈАНСКИ ЕВРОПРАТЕНИК БИЛ ПОТКУПЕН СО ОДМОР ОД 100.000 ЕВРА, УАПСЕНИ И НЕГОВИТЕ СОПРУГА И ЌЕРКА ВО ИСТРАГАТА ЗА КОРУПЦИЈА ВО ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТВо домот во Брисел на поранешниот италијански европратеник Антонио Панцери полицијата нашла 500.000 евра. (Фото: Твитер)

    Во рамки на големата истрага за корупција во Европскиот парламент, италијанската полиција го уапси поранешниот италијански европратеник Пјер Антонио Панцери, но и неговите сопруга и ќерка.

    Паралелно, белгиската полиција изврши претрага во 16 домови и уапси најмалку четири лица во Брисел во истата истрага за злосторничко здружување, корупција и перење пари, поврзано со Катар.

    Како што објави италијанската новинска агенција АНСА, уапсените се осомничени дека земале поткуп за да влијаат во корист на Катар при носењето на одлуки на Европскиот парламент.

    Според истрагата, на семејството Панцери му бил платен одмор од 100.000 евра, а кај уапсената потпретседателка на Европскиот парламент, Гркинката Ева Каили, биле најдени вреќи со пари. Според белгиските медиуми, уапсени се и партнерот и таткото на Каили.

    Марија Колеони и Силвија Панцери, сопругата и ќерката на Панцери, според истрагата, се смета дека биле целосно свесни за активностите на нивниот сопруг и татко и учествувале во транспорт на подароците што ги добивал. Двете се споменати во пресретнатите телефонски разговори во кои поранешниот европратеник зборува за испорака на подароци за него.

    „Европскиот парламент стои цврсто против корупцијата. Во оваа фаза не можеме да коментираме за актуелни истраги, освен да потврдиме дека соработуваме и ќе соработуваме целосно со надлежните полициски и судски власти“, соопшти претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола.

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира