БЛОКИРАНИ ПАТИШТА ВО КОСОВО, РАСТАТ ТЕНЗИИТЕ МЕЃУ СРБИТЕ И ПОЛИЦИЈАТА

    БЛОКИРАНИ ПАТИШТА ВО КОСОВО, РАСТАТ ТЕНЗИИТЕ МЕЃУ СРБИТЕ И ПОЛИЦИЈАТАПротестите викендов беа поттикнати од апсењето на поранешен српски полицаец во саботата. (Фото: принтскрин/ТВ Мост)

    Српските демонстранти во северно Косово блокираат патишта втор ден по ред, по меѓусебното пукање со полицијата. Камиони и други големи возила се поставени како блокада на неколку главни патишта кои што водат во двата гранични премини со Србија.

    Долготрајните тензии меѓу косовските власти и косовските Срби се во пораст изминативе недели. Протестите викендов беа поттикнати од апсењето на поранешен српски полицаец во саботата.

    Косовскиот премиер Албин Курти ги нарече демонстрантите „криминални банди“ и побара од КФОР да ги отстрани барикадите. ЕУ побара да се врати мирот откако едно од нејзините оклопни возила беше погодено со шок бомба во саботата вечер.

    Косовската полиција вели дека било пукано на нив на неколку различни локации близу езеро на границата со Србија, а полицајците возвратиле во самоодбрана.

    Косово распореди полицајци во областите каде што мнозинство се Србите на крајот на минатата недела. Тоа дополнително ги зголеми тензиите кои што веќе беа подигнати со месеци поради спор околу регистерските таблички.

    Србија вели дека употребата на полицијата ги нарушува досегашните мировни договори. Претседателот Александар Вучиќ кажа дека планира да побара од КФОР дозвола да испрати српски полицајци и војници во Косово, но призна дека се мали шансите барањето да му биде одобрено.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира