СТАБИЛНА Е СОСТОЈБАТА СО КОВИД, НО МОРА ДА СЕ НОСАТ МАСКИ ВО АПТЕКА, БОЛНИЦА И ЈАВЕН ПРЕВОЗ, ВЕЛИ КОМИСИЈАТА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ

    СТАБИЛНА Е СОСТОЈБАТА СО КОВИД, НО МОРА ДА СЕ НОСАТ МАСКИ ВО АПТЕКА, БОЛНИЦА И ЈАВЕН ПРЕВОЗ, ВЕЛИ КОМИСИЈАТА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИКомисијата на денешниот состанок констатирала дека состојбата со ковид-19 е стабилна. (Фото: К. Попов)

    Сѐ уште е на сила мерката против ковид-19 за носење маска во здравствени установи, аптеки, јавен превоз и домови за стари лица и лица со посебни потреби и ќе продолжи и во иднина, потстетува Комисијата за заразни болести. Во земјава има 133 активни болни од ковид-19, а моментално хоспитализирани се 22 лица. Комисијата на денешниот состанок констатирала дека состојбата со ковид-19 е стабилна, нема зголемување на бројот на позитивни случаи, хоспитализирани и починати.

    Изминатиов период се забележува дека амбулантите се преполни со пациенти од сите возрасти болни од грип, а градинките и училиштата се преполовени.

    Според последниот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), до 4 декември,  за 3,2 пати е зголемен бројот на заболени од грип, во споредба со претходната недела, а највисока инциденца е регистрирана кај возрасната група од 5-14 години.

    „Во однос на инфекцијата со РСВ-респираторен синцициски вирус, констатирано е дека состојбата е стабилна, нема зголемување на бројот на новозаболени и хоспитализации, а болничките капацитети ги задоволуваат потребите за укажување здравствена грижа за децата со симптоми“, додаваат од Комисјата.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира