Германската авиокомпанија Луфтханза се враќа во Македонија по пауза од 20 години и од 23 април идната година ќе лета од Скопје за Франкфурт 10 пати неделно. Луфтханза денеска соопшти дека отвора четири нови летови од Франкфурт, меѓу нив и Скопје.
„Луфтханза ќе почне да го нуди Скопје од 23 април и ќе се поврзе со главниот град на Северна Македонија и до два пати дневно. Летовите со броевите ЛХ1540 и ЛХ1452 ќе бидат атрактивни и за бизнис патници и за туристи. Луфтханза ја засилува својата позиција во Источна Европа додавајќи го Скопје“, се вели во соопштението на германската компанија.
Картите за летовите Скопје-Франкфурт со можност за конекции на над 200 дестинации низ светот се веќе во резервациониот систем на Луфтханза.
За Франкфурт од Скопје лета и нискобуџетната унгарска компанија Визер, но до аеродромот Франкфурт-Хан, кој е 120 километри од градот и не нуди можност за вразни летови.