РУСИЈА ИСПУКАЛА НАД 70 ПРОЕКТИЛИ ВО ДЕНЕШНИОТ НАПАД НА УКРАИНА, ПОГОДЕНИ ДЕВЕТ ЕЛЕКТРАНИ

    РУСИЈА ИСПУКАЛА НАД 70 ПРОЕКТИЛИ ВО ДЕНЕШНИОТ НАПАД НА УКРАИНА, ПОГОДЕНИ ДЕВЕТ ЕЛЕКТРАНИДве лица загинаа откако беше погодена станбена зграда во Криви Рих (Фото: Гети)

    Девет електрани се погодени во денешниот масивен руски ракетен напад на Украина, при кој биле лансирани 76 проектили, објавија властите. Најголемата штета претрпеле северните, јужните и централните региони.

    „Како резултат на нападите има зголемен прекин во снабдувањето со струја, што и досега беше значително. Обновата би можела да трае подолго од претходно, зашто ова беше веќе деветти бран на ракетирање“, објави државната енергетска компанија „Укренерго“.

    Официјални лица кажаа дека 40-ина проектили биле испукани на киевскиот регион, од кои 37 биле соборени од противвоздушната одбрана.

    „Ова беше едно од најтешките бомбардирања од почетокот на војната“, изјави портпаролот на украинската војска Михајло Шаманов.

    Две лица загинаа, а пет се повредени откако беше погодена станбена зграда во Криви Рих, родниот град на претседателот Зеленски.

    „Од регионите на Касписко и Црно Море, непријателот лансираше 76 проектили, од кои 72 крстосувачки, кон клучната украинска инфраструктура. Противвоздушната одбрана собори 60 проектили“, изјави началникот на генералштабот на украинската војска, Валери Залужни.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира