НА ВИНАРИИТЕ НЕПЛАЌАЧИ ЌЕ ИМ БИДАТ ОДЗЕМЕНИ ЛИЦЕНЦИТЕ 

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:51:"Кавадарци,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    НА ВИНАРИИТЕ НЕПЛАЌАЧИ ЌЕ ИМ БИДАТ ОДЗЕМЕНИ ЛИЦЕНЦИТЕ 

    На винариите неплаќачи ќе им бидат одземени лиценците, ако не го почитуваат законот. Ним ќе им се даде можност во рок од два месеца да извезуваат вино, при што приливот на пари ќе оди за исплатата на лозарите, изјави за САКАМДАКАЖАМ.МК Министерството за земјоделство, бидејќи вчера истече рокот до кој винарите требаше да им ја исплатат на лозарите првата рата за откупеното грозје.

    „Доколку некоја винарница не успее да ги подмири долговите ќе ѝ се забрани извозот и ќе треба да плати казна“, велат во Министерството и нагласија дека државниот инспекторат за земјоделство веќе врши проверки и од идната недела ќе има целосни податоци за исплатата на првата рата од 20 проценти.

    Инаку, досега 25 отсто од вкупно откупеното високо грозје веќе било исплатено.

    Од Регионалниот Сојуз на лозари “Агротиквешија” од Кавадарци  велат дека постои незадоволство кај лозарите од односот на дел од винарници кога е во прашање начинот на кој се исплаќа родот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира