35 ОТСТО ОД ГРАЃАНИТЕ СЕ ЗА ВНЕСУВАЊЕ НА БУГАРИТЕ ВО УСТАВОТ, 56 ОТСТО СЕ ПРОТИВ, СПОРЕД ИСТРАЖУВАЊЕТО НА ИРИ

    35 ОТСТО ОД ГРАЃАНИТЕ СЕ ЗА ВНЕСУВАЊЕ НА БУГАРИТЕ ВО УСТАВОТ, 56 ОТСТО СЕ ПРОТИВ, СПОРЕД ИСТРАЖУВАЊЕТО НА ИРИ23 отсто од македонските граѓани сметаат дека никогаш нема да влеземе во ЕУ. (Фото: СДК.МК)

    35 отсто од македонските граѓаните одобруваат внесување на Бугарите во уставот за продолжување на преговорите со ЕУ, наспроти 56 отсто кои не одобруваат, според најново истражување на јавното мислење на Меѓународниот републикански институт (ИРИ).

    На прашањето: „За да продолжат пристапните преговори со ЕУ, Северна Македонија се согласи да ја вклучи бугарската заедница во својот устав. Дали го одобрувате или не ова?“, „целосно одобрувам“ одговориле 11 отсто, „делумно одобрувам“ одговориле 24 отсто, „делумно не одобрувам“ одговориле 18 отсто и „целосно не одобрувам“ одговориле 38 отсто. 10 отсто одговориле дека не знаат или одбиваат да одговорат.

    Испитаниците биле прашани и за колку години мислат дека Северна Македонија ќе стане членка на ЕУ.

    1-5 години одговориле 20 отсто, 6-10 години одговориле 26 отсто, повеќе од 10 години одговориле 25 отсто и дека никогаш нема да станеме членка на ЕУ одговориле 23 отсто. 6 отсто не знаат или одбиле да одговорат.

    36 отсто, според истражувањето, сметаат дека сега сме поблиску до ЕУ, а 43 отсто сметаат дека сме биле поблиску кога сме го добиле кандидатскиоt статус во 2005 година. 21 отсто не знаат или одбиваат да одговорат.

    Истражувањето на јавното мислење е спроведено од Центарот за анализи на анкети на Брима. Истражувањето е направено на репрезентативен примерок од 1.207 испитаници на возраст над 18 години од 23 септември до 13 октомври со маргина на грешка од 2,8 отсто и 95 отсто ниво на доверба.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира