УКРАИНЦИТЕ СÈ УШТЕ СЕ НАШИ БРАЌА, КАЖА ПУТИН

    УКРАИНЦИТЕ СÈ УШТЕ СЕ НАШИ БРАЌА, КАЖА ПУТИНПутин порача дека специјалната воена операција ќе продолжи и во 2023 (Фото: АП)

    Владимир Путин смета дека Русија не треба да се обвинува за војната во Украина, додавајќи дека двете земји ја делат трагедијата. На состанокот со високите воени претставници, тој кажа дека Украинците и натаму ги гледа како братски народ.

    Конфликтот е резултат на политиката на трети земји, не на руската политика“, тврди рускиот претседател.

    Тој го обвини западот дека им го испрал мозокот на постсоветските републики, почнувајќи од Украина.

    Со години, се обидувавме да изградиме добрососедски односи со Украина, нудејќи заеми и евтина енергија, но тоа не функционираше. Русија не треба за ништо да се обвинува. Секогаш сме ги сметале Украинците за братски народ и сè уште го мислам тоа. Она што се случува сега е трагедија, но не е наша вина“, изјави Путин.

    Тој порача дека „специјалната воена операција“ ќе продолжи и во 2023, додавајќи дека нема ограничувања во парите што Русија планира да ги потроши.

    Министерот за одбрана Сергеј Шојгу истовремено препорача да се зголеми возраста за задолжително служење војска од 27 на 30 години. Тој најави дека руската војска ќе порасне од милион на 1,5 милиони припадници, вклучувајќи 695.000 доброволни војници.  

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира