Володимир Зеленски им се заблагодари на Џо Бајден, американските пратеници и на обичните луѓе на Америка за нивната поддршка во своите први забелешки по пристигнувањето во САД. Тој попладнево допатува во Вашингтон, што е негово прво патување во странство од почетокот на војната пред речиси десет месеци, при што се сретна со Бајден во Белата куќа и подоцна ќе се обрати во Конгресот.
„Чест е да се биде покрај вас. Ќе продолжиме да ѝ даваме финансиска, воена и хуманитарна помош на Украина“, изјави Бајден, откако тој и неговата сопруга Џил го пречекаа Зеленски пред Белата куќа.
Зеленски додаде дека и порано сакал да ги посети САД, но не успеал.
„Војната не е готова. Украина се соочува со многу предизвици“, кажа тој.
Пред доаѓањето на Зеленски, државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, потврди нова воена помош за Украина во вредност од 18,5 милијарди долари, која за првпат ќе вклучи и напреден противвоздушен систем „патриот“, како и 30 артилериски системи и противрадијациски проектили со голема брзина.
„Следната година мора да ги вратиме украинското знаме и слободата во целата земја, на целиот народ“, кажа Зеленски.