ХАЈРУЛАХИ ЕДНОГЛАСНО РЕИЗБРАН ЗА ВИШ СКОПСКИ ОБВИНИТЕЛ, ШТЕРЈЕВ ОД СОВЕТОТ НА ОБВИНИТЕЛИ ГИ ОБВИНИ НОВИНАРИТЕ ДЕКА ГО ОЦРНУВАЛЕ ОД ЖЕЛБА ЗА СЕНЗАЦИЈА

    ХАЈРУЛАХИ ЕДНОГЛАСНО РЕИЗБРАН ЗА ВИШ СКОПСКИ ОБВИНИТЕЛ, ШТЕРЈЕВ ОД СОВЕТОТ НА ОБВИНИТЕЛИ ГИ ОБВИНИ НОВИНАРИТЕ ДЕКА ГО ОЦРНУВАЛЕ ОД ЖЕЛБА ЗА СЕНЗАЦИЈАЧленот на Советот Арбер Исаку за Мустафа Хајрулахи рече дека состојбите доста се подобриле со неговото доаѓање на чело на Вишото јавно обвинителство на Скопје и уште повеќе ќе се подобрувале. - Од денешната седница на Советот на јавни обвинители (Фото: СДК.МК)

    Досегашниот шеф на Вишото јавно обвинителство на Скопје, кого во мај на седница Советот на јавни обвинители го критикуваше за неговата работа на најголемото ВЈО под кое е и Обвинителството за организиран криминал, денеска едногласно го реизбра на функцијата, на нов четиригодишен мандат.

    По критиките дека во скопските обвинителства во неговиот мандат било несредено, немало податоци за штета од кривичните дела, немало конфискација на нелегално стекнат имот, немало податоци за отфрлени пријави, за застарени предмети и други сериозни забелешки, државниот обвинител Љубомир Јовески го оценил позитивно, со 24,5 бода.

    По неговиот избор, се бираше Виш јавен обвинител на Битола – Оливера Нечаковска. Таа е оценета со 48 бода.

    Членот на Советот Арбер Исаку за Мустафа Хајрулахи рече дека состојбите доста се подобриле со неговото доаѓање на чело на Вишото јавно обвинителство на Скопје и уште повеќе ќе се подобрувале.

    Членот Коле Штерјев пред гласањето за Хајрулахи ги обвини новинарите за потреба од сензација кога го критикуваа Хајрулахи.

    „Желбата да се стави сензација на овие двајца што се откажале, роди потреба да се оцрни кандидатот, кого ќе го поддржам”, рече Штерјев.

    Фиданка Рајевска кажа дека Хајрулахи се соочил со мал број виши обвинители кога дошол, а контроли не биле правени во основните обвинителства, поради здравствената криза.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира