ТРОЈЦА ЗАГИНАТИ ВО НАПАД НА КУРДСКИ ЦЕНТАР ВО ПАРИЗ

    ТРОЈЦА ЗАГИНАТИ ВО НАПАД НА КУРДСКИ ЦЕНТАР ВО ПАРИЗ69-годишен напаѓач е ранет и уапсен. (Фото: АП)

    По пукањето чија цел беше курдски културен центар во Париз денеска загинаа три лица, а тројца беа ранети, соопштија властите. 69-годишен осомничен е ранет и уапсен. Канцеларијата на париското обвинителство отвори истрага за убиство и обид за убиство.

    Парискиот обвинител изјави дека осомничениот неодамна бил ослободен од затвор откако нападнал мигранти кои живееле во шатори и дека инспекторите разгледуваат можен расистички мотив за пукањето.

    Шокираните членови на курдската заедница во Париз изјавија дека неодамна биле предупредени од полицијата за закани кон курдски цели и побараа правда по пукањето. Околните жители и трговци беа длабоко потресени од нападот, кој се случи додека Париз врие од празнични активности пред божиќниот викенд.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира