ПРАЗНИЧЕН МЕТЕЖ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ТАБАНОВЦЕ, ЗА ВЛЕЗ ВО ЗЕМЈАВА СЕ ЧЕКА ОД 20 МИНУТИ ДО НАД ДВА ЧАСА

    ПРАЗНИЧЕН МЕТЕЖ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ТАБАНОВЦЕ, ЗА ВЛЕЗ ВО ЗЕМЈАВА СЕ ЧЕКА ОД 20 МИНУТИ ДО НАД ДВА ЧАСАПатници синоќа чекале и до два и пол саата за да влезат во земјава. (Фото: Аматерска фотографија)

    Пред новогодишните и божиќни празници, зголемена е фреквенцијата на возила и патници на граничниот премин Табановце на македонско-српската граница за влез во државата. Тоа создаде гужви на границите, па граѓани од преминот кажуваат дека синоќа чекале и до два и пол саата за да влезат во земјава.

    „Имаше невидена гужва, беа во функција сите ленти, ама никој не кажуваше каде да се движиме. Подоцна се правдаа дека паднал системот на српската страна“, кажува наш читател кој ни ги прати фотографиите од границата.

    Од МВР потврдуваат дека најголема фреквенција имало вчера во попладневните часови и во текот на ноќта, а сите ленти на ГП „Табановце“ се подготвени и работат на проток на патници, додека времето на чекање е околу 15-20 минути.

    „Во периодот од 00.00 часот на 23.12 до 10.00 часот на 24.12 на ГП Табановце во земјава влез оствариле 13.007 домашни и 5.544 странски државјани, или вкупно 18.551 патник, а излез оствариле 4.259 домашни и 4.421 странски државјанин, или вкупно 8.680 патници. Тоа би значело дека 17.266 домашни и 9.965 странски државјани поминале на ГП Табановце за влез и излез од државата, односно вкупната бројка на патници во периодот е 27.231“, велат од МВР за САКАМДАКАЖАМ.МК.

    Од граничниот премин ни кажаа дека зголемениот проток на возила и патници започнал од почетокот на неделата, а се очекува шпицот да биде овој викенд. Гужвите се обично во попладневните часови, додека од сабајле е порелакцирано. Патниците се најчесто со автомобил, наши државјани кои живеат и работат во европските држави, но има и странци кои транзитираат низ Македонија кон Турција и Грција.

    С. НИКОЛИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира