ПРЕМИЕРА НА МАКЕДОНСКО-ГРЧКАТА ПРЕТСТАВА „БАКХИ: АГАВА“ НА НИНА НИКОЛИЌ ВО МНТ

    ПРЕМИЕРА НА МАКЕДОНСКО-ГРЧКАТА ПРЕТСТАВА „БАКХИ: АГАВА“ НА НИНА НИКОЛИЌ ВО МНТСимона Спировска ја игра насловната улога во претставата работена според Еврипид и Тамара Барачков. (Фото: Д. Ингилизовски)

    Режисерката Нина Николиќ во Македонскиот народен театар (МНТ) ја постави претставата „Бакхи: Агава“, копродукција на „Перипетија продукција“, МНТ и Градски театар од Јанина, Грција.

    Премиерата според Еврипид и Тамара Барачков е во вторник, (27 декември) во просторот на балетската сала при МНТ.

    „Агава е ликот за кој се зборува, а нејзиното однесување е предмет на толкување и прераскажување на останатите машки ликови. По чедоморството, Агава прозборува само во последниот чин. Но, злочинот го прави во состојба на занес и транс, таа сопствените постапки не е во состојба рационално да ги процесира и да ги вербализира. Токму затоа, во процесот на развивање на овој текст, во кој гласот и централниот простор ѝ се дава на Агава, се дефинира коренот на нејзините проблеми и незадоволството. Се поставува и прашањето: која е оваа жена денес?“, вели драматургот Барачков.

    Играат: Симона Спировска — Агава и Александар Михајловски — Пентеј, а актерите Григор Јовановски — Дионис, Марија Кеврекиду, Ана Марија Бутниок, Афродита Атанасопулу и Дарја Ризова се со снимени гласови.

    Сценограф е Ангел Петровски, костимите се на Ивана Каранфиловска-Угуровска, а дизајнер на звук е Александар Арсиќ, а дизајнери на светло се: Даниела Атанасова и Горјан Темелкоски. Текстот на драматургот го преведе Мила Анѓелковиќ.

    Николиќ во МНТ ги постави и претставите „Народен непријател“ (2022), „Нема да биде крај на светот“ (2021), „Отело“ (2019), „Галеб“ (2018) и „Разговори во четири очи“ (2015).

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира