ЦИКЛОНСКА БОМБА ОДНЕСЕ ДЕСЕТИЦИ ЖИВОТИ ВО САД, ОПСЕГОТ НА ЗИМСКАТА БУРА Е НЕВИДЕН ДОСЕГА

    ЦИКЛОНСКА БОМБА ОДНЕСЕ ДЕСЕТИЦИ ЖИВОТИ ВО САД, ОПСЕГОТ НА ЗИМСКАТА БУРА Е НЕВИДЕН ДОСЕГАОколу 200.000 потрошувачи и натаму се без струја (Фото: АП)

    Најмалку 38 луѓе починаа како последица на сериозниот арктички студ, што ги зафати САД и Канада. Најтешко погодената област е Бафало во сојузната држава Њујорк, каде што починале 13 лица, од кои некои биле пронајдени во автомобили.

    Опсегот на зимската бура е невиден досега и се протега од Канада до крајниот југ на САД. Метеоролозите предвидуваат дека бурата ќе попушти во следните денови, но предупредуваат и натаму да се избегнуваат сите несуштински патувања.

    Околу 200.000 потрошувачи и натаму се без струја, откако претходно нивниот број изнесувал 1,7 милиони. За 55 милиони Американци и натаму важи предупредувањето за студ и ветер.

    САД се најдоа на удар на таканаречената циклонска бомба, која се случува кога атмосферскиот притисок нагло паѓа, предизвикувајќи силни снежни врнежи и ветер. Во сојузната држава Монтана температурите паднале до -45 Целзиусови степени.

    Гувернерката на Њујорк, Кејти Хочал, изјави дека ова ќе биде најуништувачката бура во историјата на Бафало.

    Како да влегувате во воена зона, со сите оставени возила од двете страни на патиштата. Шокантно е. Жителите и натаму се соочуваат со животно загрозувачка ситуација“, кажа таа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира