Судскиот совет на денешната седница за претседател на Основниот Кривичен суд Скопје го избра досегашниот в. д. Иван Џолев. Ова ќе му биде втор 4-годишен мандат како претседател, откако никој друг не се пријави на огласот.
Според дневниот ред, предвидено е да се бираат и други претседатели и судии, но седницата се прекина, бидејќи снема струја во целата зграда каде што е Советот.
Судскиот совет за првпат денеска бира и по оценување за квалитетот во работата на судиите и на претседателите, а не само по број на завршени, укинати или преиначени пресуди, т. е. само преку статистика.
Откако не дојде струја и по еден час, седницата продолжи и дискусијата се снимаше на диктафон.
С. К. ДЕЛЕВСКА