РУСИЈА ГО НАПАДНА КИЕВ СО ДРОНОВИ, НО СИТЕ БИЛЕ УНИШТЕНИ

    РУСИЈА ГО НАПАДНА КИЕВ СО ДРОНОВИ, НО СИТЕ БИЛЕ УНИШТЕНИУкраински спасувачи пребаруваат куќа во околината на Киев уништена во вчерашниот ракетен напад (Фото: Гети0

    Жителите на Киев утрово ги разбудија сирените за воздушна опасност, ден откако Русија изведе уште еден голем ракетен напад на Украина. Гувернерот на киевскиот регион Олексиј Кулеба изјави дека главниот град бил нападнат со дронови, при што се слушнале неколку експлозии.

    Украинската војска објави дека биле лансирани 16 дронови „шахед“ од иранско производство, но сите биле уништени од противвоздушната одбрана. Според градоначалникот Витали Кличко, седум од нив биле упатени кон самиот Киев. Украина го обвинува Иран дека ја снабдува Русија со дронови, но иранските власти тврдат дека тие биле испратени пред почетокот на војната.

    Генералштабот на украинската војска соопшти дека во изминатите 24 часа Русија испукала 85 проектили и извела 35 воздушни напади.

    Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, ги повика земјите-членки да ѝ испратат уште оружје на Украина. Според него, воената помош за Украина е најбрзиот пат до мирот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира