82-ГОДИШНИОТ ПЕТАР СТАВРЕВ ПО 32. ПАТ СО ШАМПАЊСКО СЕ ИСКАЧИ НА ПУНКТОТ НА МТВ НА ПЕЛИСТЕР

    82-ГОДИШНИОТ ПЕТАР СТАВРЕВ ПО 32. ПАТ СО ШАМПАЊСКО СЕ ИСКАЧИ НА ПУНКТОТ НА МТВ НА ПЕЛИСТЕРСтаврев секоја година со шампањ им честита на вработените на МТВ на врвот Антена кои се грижат ТВ-сигналот да тече непречено. (Фото: СДК.МК)

    Петар Ставрев, 82-годишниот битолски фотограф, новинар и публицист и искусен планинар,  по 32. пат со шише шампањско се искачи на врвот Антена на Пелистер на вториот ден од Новата година, за на вработените во пунктот на МТВ да им ги честита празниците. Во планинарскиот поход за освојување на врвот Пелистер на 2.601 метар надморска височина го придружуваше и син му Сашо Стврев, исто така истакнат фотограф и голем вљубеник во планината.

    Двајцата велат дека за разлика од Битола, која се гуши во магла, на Пелистер пука сонце и патот го минале без никаков проблем.
    Ставрев „повлече нога“ за планинари на Нова година  а се искачуваат на Антена пред три децении, трагајќи по интересна новинарска тема.

    „Следејќи ги дневните и неделните весници во земјава и пошироко на југословенските простори, размислував дали можам да подготвам некои написи за да се најдам во весниците во неделните броеви што беа ревијални. Дознав дека на Пелистер на 2.601 метар, на највисоката точка, се наоѓаат неколку луѓе, вработени, кои мора да дежураат и да работат иако е Нова година. Направив обид да се искачам. За да не одам празен, реков да им ја честитам Нова година со шампањско и добри желби“, вели Ставрев.

    На пунктот на МТВ работат лица кои се грижат ТВ-сигналот да тече непречено и гледачите да имаат програма. Ставрев пријатно ги изненадува секоја година. Се искачувал и по снегови ако ратракот имал поминато до пунктот за да направи пат, по силни ветришта и други временски неприлики. Вели дека ова е традиција, но најважно е да не се потценува планината, па планинарите безбедно да се искачат горе, а и потоа да се вратат дома.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира