УАПСЕН СИНОТ НА НАРКО БОСОТ ЕЛ ЧАПО, ВО НАСИЛСТВАТА ВО КУЛИЈАКАН ПУКАНО И НА АВИОН

    УАПСЕН СИНОТ НА НАРКО БОСОТ ЕЛ ЧАПО, ВО НАСИЛСТВАТА ВО КУЛИЈАКАН ПУКАНО И НА АВИОНВо Кулијакан избија насилства поради операцијата на вооружените сили (Фото: Шатерсток)

    Синот на озлогласениот мексикански нарко бос Ел Чапо е уапсен во Синалоа, додека во оваа сојузна држава избија насилства. Градоначалникот на Кулијакан, Хуан де Диос Гамес, изјави дека тој бил уапсен во рација на вооружените сили.

    Мексиканската авиокомпанија „Аеромексико“ соопшти дека денеска било пукано на еден нејзин авион додека се подготвувал да полета. Никој од патниците и вработените не бил повреден. Во градот се регистрирани пукања и грабежи.

    Овидио Гусман-Лопес важеше за највисоко рангираниот припадник на моќниот картел Синалоа, кој се смета за најголемата организација за шверц на дрога на светот. Диос Гамес потврди дека тој бил уапсен во операцијата на федералните вооружени сили во Кулијакан, која почнала во раните утрински часови.

    Бараме од жителите на Кулијакан да не ги напуштаат своите домови поради блокадите во разни делови од градот“, изјави тој.

    Затворен е и аеродромот, а прекината е наставата во локалните училишта.

    Гусман-Лопес беше уапсен и во 2019, но набргу беше пуштен зашто неговите приврзаници се закануваа со насилства. Стејт департментот кажа дека тој и неговиот брат Хоакин воделе 11 лаборатории за производство на метамфетамин и нарачувале убиства.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира