Дваесет и тројца патници на „Рајанер“ биле принудени да го пропуштат летот за Загреб откако останале затворени во ходник без прозорци на аеродромот Лондон Стенстед.
Двата краја на ходникот биле заклучени, велат патниците, па авионот полетал без нив, додека багажот им бил во него. Тие биле спасени откако активирале противпожарен аларм, бидејќи викањето и лупањето по ѕидовите не дало резултат.
„Рајанер“ кажа дека човечка грешка довела до инцидентот и изрази жалење, иако еден од засегнатите патници изјави дека не добиле извинување.
„Работите почнаа да изгледаат необично кога патниците стигнаа до ходникот, каде што чекаа 15 минути. Предната врата беше затворена, иако оттука требаше да одиме кон авионот. Кога луѓето почнаа да паничат, решивме да одиме кон вратата од каде што дојдовме, но сфативме дека и таа е заклучена. Луѓето удираа по ѕидовите и целото место стана многу клаустрофобично“, изјави 33-годишната Девина Равал.
По половина час, патниците активирале противпожарен аларм, по што биле извлечени.
„Не добивме извинување, сите беа бесни. Целата ситуација беше доста стресна“, кажа Равал.