КЕВИН МЕКАРТИ ОД 15. ОБИД ИЗБРАН ЗА СПИКЕР НА ПРЕТСТАВНИЧКИОТ ДОМ

    КЕВИН МЕКАРТИ ОД 15. ОБИД ИЗБРАН ЗА СПИКЕР НА ПРЕТСТАВНИЧКИОТ ДОММекарти едвај беше избран иако неговата партија го има мнозинството во Домот (Фото: АП)

    Претставничкиот дом на американскиот Конгрес го избра републиканецот Кевин Мекарти за нов спикер по досега невидена ситуација која опфати дури 15 рунди на гласање, иако неговата партија го има мнозинството. Мекарти беше избран по низа отстапки кон групата тврди десничари и драматичниот притисок врз Мет Гец, еден од најголемите бунтовници меѓу Републиканците.

    Конгресменот од Флорида беше меѓу шестемина пратеници кои конечно попуштија утрово. Тие не го поддржаа Мекарти за лидер, но и не гласаа за неговиот противкандидат, овозможувајќи му да победи со тесни 216:212 во гласови.

    Татко ми секогаш велеше, не е важно како ќе почнеш, туку како ќе завршиш. Сега почнува тешката работа“, изјави Мекарти, кој најави истраги и судски покани за демократите, меѓу кои и за претседателот Бајден.

    Гласањето траеше четири дена, во текот на кои имаше жестоки расправии помеѓу републиканците, што се закани да прерасне во физичка пресметка кога Мајк Роџерс му се пушти Гец, пред да биде смирен од колегите.

    Се надевам дека едно стана јасно по оваа недела: јас никогаш не се откажувам. И нема да се откажам од американскиот народ“, кажа Мекарти откако беше избран за наследник на Ненси Пелоси.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира