ШЕСТГОДИШНО МОМЧЕ НАМЕРНО ЗАСТРЕЛАЛО УЧИТЕЛКА ВО САД

    ШЕСТГОДИШНО МОМЧЕ НАМЕРНО ЗАСТРЕЛАЛО УЧИТЕЛКА ВО САДИнцидентот се случил во основно училиште во градот Њупорт Њуз (Фото: АП)

    Шестгодишно момче е приведено откако намерно ја застрелало својата учителка во американската сојузна држава Вирџинија. Инцидентот се случил во основно училиште во градот Њупорт Њуз и шефот на полицијата Стив Дру изјави дека е нејасно како момчето дошло до пиштолот.

    Инцидентот не се води како случајно пукање. Повредите на учителката се животно загрозувачки, иако состојбата ѝ се подобрува“, кажа Дру.

    Тој додаде дека пред пукањето, ученикот од прво одделение и учителката се карале.

    Ова е изолиран инцидент. Досега не сме имале случај на пукање во училиште“, кажа Дру.

    Официјални лица кажаа дека училиштето е опремено со детектори за метал, но учениците се проверуваат по случаен избор.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира