ОВЧАР ИЗГОРЕЛ ВО ОГАНОТ ШТО САМ ГО ЗАПАЛИЛ ВО СЕЛО СТАЊЕВЦИ, СВЕТИНИКОЛСКО

    ОВЧАР ИЗГОРЕЛ ВО ОГАНОТ ШТО САМ ГО ЗАПАЛИЛ ВО СЕЛО СТАЊЕВЦИ, СВЕТИНИКОЛСКО72-годишниот овчар изгорел во оганот што го запалил за да се стопли. (Фото. СДК.МК)

    Во светиниколското село Стањевци, овчар изгорел од огинот што сам го запалил. Овчарот е 72-годишниот Б. Н. од ова село кој ги пасел овците во блиските ливади. Изгореното тело го пронашол неговиот син, кога го барал оти не се вратил ниту тој ниту овците што ги пасел.

    СВР Штип го потврди случајот, но нема детали. Траги на насилство немало, па се претпоставува дека од сплет на несреќни околности овчарот паднал во оганот што го запалил за да се стопли.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира