ВАТИКАН ПОВТОРНО ОТВОРА ИСТРАГА ЗА ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА 15-ГОДИШНАТА ЕМАНУЕЛА ОРЛАНДИ ПРЕД 40 ГОДИНИ

    ВАТИКАН ПОВТОРНО ОТВОРА ИСТРАГА ЗА ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА 15-ГОДИШНАТА ЕМАНУЕЛА ОРЛАНДИ ПРЕД 40 ГОДИНИСлучајот на Орланди поттикна бројни теории, но досега не е дојдено до конкретни одговори (Фото: АП)

    Ватикан повторно отвора истрага за исчезнувањето на Емануела Орланди, случај кој ја обзема Италија веќе четири децении.

    Емануела имала само 15 години кога исчезнала на 22 јуни 1983 додека се враќала од час по флејта во Рим. Нејзиното семејство живеело во Ватикан, каде што татко ѝ работел во службата на папата. Случајот поттикна бројни теории, но досега не е дојдено до конкретни одговори.

    Ватиканскиот министер за правда Алесандро Диди повторно го отворил случајот по неколку барања на постариот брат на Емануела, Пјетро, кој никогаш не престанал да работи на откривањето на вистината.

    „За истрагата дознавме од медиумите. Му пишавме на папата пред една година со цел да разговараме со Диди. Среќни сме што ќе има нова истрага и навистина се надеваме дека ќе даде конкретни одговори“, изјави адвокатката на семејството Орланди, Лаура Сгро.

    Диди кажа дека сите документи, извештаи, информации и сведоштва поврзани со случајот одново ќе бидат истражени. Ќе биде опфатен и случајот на Мирела Грегори, која исто така имала 15 години кога исчезнала во Рим неколку недели пред Орланди. Долго време се верува дека овие два случаја се поврзани.

    Истрагата следува неколку месеци по објавувањето на документарната серија на „Нетфликс“, „Ватиканска девојка“, која ги истражува теориите за исчезнувањето на Орланди. Исто така, долгогодишниот личен секретар и близок соработник на покојниот папа Бенедикт, Георг Генсвајн, најави дека ќе се осврне на случајот Орланди во својата книга, што ќе излезе на 12 јануари.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира