БРИТАНСКИОТ ПРЕМИЕР СУНАК МУ ВЕТИ ТЕНКОВИ НА ЗЕЛЕНСКИ

    БРИТАНСКИОТ ПРЕМИЕР СУНАК МУ ВЕТИ ТЕНКОВИ НА ЗЕЛЕНСКИДесет лица се ранети, меѓу кои две деца, во југоисточниот град Днипро, каде рускиот ракетен напад уништи дел од станбена зграда. (Фото: Кабинет на украинскиот претседател)

    Британскиот премиер Риши Сунак вети дека ќе обезбеди тенкови и артилериски системи за Украина, откако Москва, за првпат после две недели, со ракети нападна повеќе градови во Украина.

    Десет лица се ранети, меѓу кои две деца, во југоисточниот град Днипро, каде рускиот ракетен напад уништи дел од станбена зграда, соопштија властите. Инфраструктурни објекти исто така беа погодени во повеќе региони, како и во  главниот град Киев.

    Сунак вети дека ќе обезбеди тенкови Челинџер 2 и други артилериски системи по разговорот со украинскиот претседател Володимир Зеленски. Во официјалната изјава не се наведува колку тенкови, ниту кога ќе бидат испратени. Според британските медиуми, веднаш ќе се испратат четири тенка, а понатаму уште осум.

    Зеленски на Твитер се заблагодари на Сунак за „одлуките кои што не само ќе нѐ зајакнат на военото поле, туку и ќе испратат вистински сигнали на другите партнери“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира