ЕГИПЕТСКИТЕ АРХЕОЛОЗИ ОТКРИЈА ДРЕВНА КРАЛСКА ГРОБНИЦА ВО ЛУКСОР

    ЕГИПЕТСКИТЕ АРХЕОЛОЗИ ОТКРИЈА ДРЕВНА КРАЛСКА ГРОБНИЦА ВО ЛУКСОРГробницата припаѓа на 18-та династија на фараонскиот Египет, која се протегала од 1550 година п.н.е. до 1292 п.н.е. (Фото: Врховниот совет за антиквитети)

    Археолозите откопаа древна гробница во јужниот египетски град Луксор, познат по своите богатства кои датираат од фараоните, соопштија властите. Мостафа Вазири, генерален секретар на Врховниот совет за антиквитети, рече дека египетско-британската мисија ја пронашла кралската гробница на античка локација на западниот брег на реката Нил во Луксор, 650 километри јужно од главниот град Каиро.

    Тој рече дека првичните испитувања покажуваат оти гробницата очигледно припаѓа на 18-та династија на фараонскиот Египет, која се протегала од 1550 година п.н.е. до 1292 п.н.е.

    Гробницата е последното во серијата древни откритија кои Египет ги промовираше во последниве години со надеж дека ќе привлече повеќе туристи. Египет се обидува да го оживее својот туристички сектор, главен извор на странска валута. Секторот во голема мера се потпира на древните богатства на земјата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира