ГЕРМАНИЈА ЌЕ ИСПРАТИ ТЕНКОВИ ВО УКРАИНА САМО АКО И САД ГО НАПРАВАТ ТОА

    ГЕРМАНИЈА ЌЕ ИСПРАТИ ТЕНКОВИ ВО УКРАИНА САМО АКО И САД ГО НАПРАВАТ ТОАСАД засега не биле подготвени за испратат тенкови „абрамс“ зашто се скапи и тешки за обука (Фото: Твитер)

    Германија ќе испрати тенкови во Украина само доколку и САД го направат истото, изјави извор од германската влада.

    Украина бара модерни западни оружја, особено борбени тенкови, за да може да продолжи со офанзивата во која ослободи големи територии во последните месеци од минатата година. Сепак, западните сојузници досега беа воздржани околу тенковите. Германија има право на вето на испораките на германските тенкови „леопард“, кои се во составот на голем број членки на НАТО, а експертите сметаат дека тие би биле најсоодветни за Украина.

    Во изминатите денови, канцеларот Шолц во неколку наврати зад затворени врати нагласи дека условот за испорака на германските тенкови е САД исто така да испратат тенкови во Украина“, изјави извор од Берлин кој барал да остане анонимен.

    Запрашана за ставот на Германија, портпаролката на Џо Бајден, Карин Жан-Пјер, одговори:

    Претседателот верува дека секоја држава би требала да носи свои суверени одлуки за воената помош за Украина“.

    НАТО се обидува да го избегне ризикот од директен судир со Русија и досега одбиваше да ги испрати најмоќните оружја во Украина. Во исто време, Белата куќа ќе одобри нова помош за Украина вредна над две милијарди долари, но веројатно нема да ги вклучува тенковите „абрамс“.

    Овие тенкови се многу сложено парче опрема. Скапи се и тешки за обука. Тие имаат млазен погон“, кажа водечкиот советник на Пентагон, Колин Кал.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира