НАТЕПАНИОТ ОХРИЃАНЕЦ СО БУГАРСКИ ВЛАДИН АВИОН ЌЕ БИДЕ ТРАНСПОРТИРАН ВО БОЛНИЦА ВО СОФИЈА

    НАТЕПАНИОТ ОХРИЃАНЕЦ СО БУГАРСКИ ВЛАДИН АВИОН ЌЕ БИДЕ ТРАНСПОРТИРАН ВО БОЛНИЦА ВО СОФИЈАСпоред првичните наоди на истрагата, како и според очевидците, причина за тепачката за лични недоразбирања од претходно, а не политика, како што тврдат бугарските власти. - Од отворањето на бугарскиот клуб „Борис Трети“ во Охрид (Фото: СДК.МК)

    Секретарот на бугарскиот клуб „Борис Трети“ во Охрид, кој синоќа беше натепан од три лица, ќе биде транспортиран со бугарски владин авион во болница во Софија, објавија бугарските медиуми. Авионот „Фалкон“, со три медицински лица, веќе отпатувал за Охрид по наредба на техничкиот премиер Галаб Донев.

    22-годишниот Х.П. настрада во синоќешната тепачка во угостителски објект на кејот „Македонија“ во Охрид. Пред месец дена, охридската полиција му поднесе кривична пријава откако кај него пронајде кокаин, а на полицијата ѝ се познати и тројцата напаѓачи, кои повеќе пати досега биле пријавувани за нарушување на јавниот ред и мир.

    Според првичните наоди на истрагата, како и според очевидците, причина за тепачката за лични недоразбирања од претходно, а не политика, како што тврдат бугарските власти.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира