НА ГЕРМАНИЈА ЌЕ Ѝ НЕДОСТАСУВААТ СЕДУМ МИЛИОНИ СТРУЧНИ РАБОТНИЦИ ДО 2035 ГОДИНА

    НА ГЕРМАНИЈА ЌЕ Ѝ НЕДОСТАСУВААТ СЕДУМ МИЛИОНИ СТРУЧНИ РАБОТНИЦИ ДО 2035 ГОДИНААко владата не преземе ништо, постои ризик недостигот на квалификувани работници да стане трајна кочница за германскиот раст. - Фабрика во Германија (Фото: ДПА)

    До 2035 година на Германија ќе ѝ фалат седум милиони квалификувани работници, кажа министерот за труд Хубертус Хајл. Тој вчера во Бундестагот ја претстави владината стратегија за стручна работна сила.

    Ако владата не преземе ништо, постои ризик недостигот на квалификувани работници да стане трајна кочница за германскиот раст. Во претстојните години се повеќе луѓе од т.н. бејби-бумерската генерација ќе заминуваат во пензија.

    Ако Германија го спроведе сето тоа што ѝ е потребно на земјата, Хајл кажа дека сепак ќе им бидат потребни стручњаци од странство за да ја одржат економијата.

    Опозицијата, пак, ги критикуваше владините планови.

    Пратеникот на ЦДУ Марк Бјадац ја обвини владата дека користи погрешни мерки.

    „Вистината е дека непотребната бирократија, недоволната дигитализација и одолгoвлекувањето предизвикуваат големо незадоволство. Тоа го прави нашиот пазар помалку атрактивен“, кажа Бјадац.

    Пратеникот на Алтернатива за Германија Рене Шпрингер кажа дека „левичарско-либералната имиграциска политика не само што е кусовида, туку и ќе го наруши социјалниот мир, а нема да го реши недостигот на работна сила“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира