Кина ја отфрли можноста за нов бран на ковид-19 во земјата во наредните 2-3 месеци бидејќи 80 отсто од луѓето веќе се инфицирани.
Постоеја стравови дека големото движење на луѓето за време на кинеската нова година ќе придонесе за ширење на коронавирусот, но според Ву Зунју, главниот епидемиолог на Кинескиот центар за контрола и превенција на заразни болести, малку е веројатно да се случи нов бран на инфекции.
Според здравствените власти, во Кина веќе се намалува напливот на пациенти во болниците. Според официјалните бројки, околу 60.000 луѓе со ковид-19 починале во кинеските болници заклучно со 12 јануари, еден месец откако земјата ја укина политиката на нула-ковид.