ПО БАРАЊЕ НА МПЦ НЕМА ДА СЕ ТРГА ОГРАДАТА ОД ЦРКВАТА „СВ. КОНСТАНТИН И ЕЛЕНА“ ВО СКОПЈЕ, ВЕЛАТ СЕ РАБОТИ НА ОБЈЕКТОТ

    ПО БАРАЊЕ НА МПЦ НЕМА ДА СЕ ТРГА ОГРАДАТА ОД ЦРКВАТА „СВ. КОНСТАНТИН И ЕЛЕНА“ ВО СКОПЈЕ, ВЕЛАТ СЕ РАБОТИ НА ОБЈЕКТОТВо црквата се работи на камбанаријата, а внатре се цртаат фреските и иконите, вели МПЦ. (Фото: СДК.МК)

    Металната ограда на црквата „Св. Константин и Елена“ на улица Македонија во најстрогиот центар на Скопје нема да трга како што првично најавија од Општина Центар. Од Македонската православна црква-Охридска Архиеископија (МПЦ-ОА) побарале оградата да остане и покрај тоа што е поминат рокот за градба и кажале дека работат на нејзината доградба.

    Денеска, градоначалникот Горан Герасимовски имаше средба со поглаварот на МПЦ Г. Г. Стефан, на која му било кажано дека сега МПЦ ја презела црквата од фондацијата „Св. Цар Константин“ и болницата „Ре-Медика“ и дека се работи на камбанаријата, а внатре се цртаат фреските и иконите.

    Општина Центар на барање на МПЦ нема да ги отстрани тарабите и истите ќе останат сѐ до завршување на финалните работи на објектот, кои наскоро ќе бидат готови. Одлуката кругот на црквата да остане ограден е пред сѐ поради безбедносни причини со оглед на фактот дека над камбанаријата сѐ уште се извишува кран“, велат од Општина Центар.

    Црквата „Св. Константин и Елена“ почна да се гради во ноември 2012, а на почетокот на изградбата присуствуваше и тогашниот премиер Никола Груевски. Инвеститори се Македонската православна црква (МПЦ) и Фондацијата „Св. Цар Константин“, која што беше формирана од МПЦ за изградба на црквата. Груевски организираше три донаторски конференции со македонски компании за да се соберат пари за изградба.

    Во 2013 имаше насилни протести пред Општина Центар, организирани од фантомска организација со цел да спречат наводно уривање на црквата тогашниот градоначалник Андреј Жерновски. За протестите имаше долго судење, кое што заврши во септември 2020 со затворска казна од 1,5 години за Груевски како нарачател на насилствата.

    Црквата ја градеше компанија „Бетон“. Пред година и пол, приватната болница „Ре-Медика“ го презема преостанатиот долг на МПЦ и Фондацијата „Св. Цар Константин“ од околу 3,5 милиони евра за да работи подобро, без милионскиот долг за изградба на црквата.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира