67-ГОДИШНИК УБИ СЕДУМ ЛУЃЕ ВО ВТОРОТО МАСОВНО ПУКАЊЕ ВО КАЛИФОРНИЈА ЗА ДВА ДЕНА

    67-ГОДИШНИК УБИ СЕДУМ ЛУЃЕ ВО ВТОРОТО МАСОВНО ПУКАЊЕ ВО КАЛИФОРНИЈА ЗА ДВА ДЕНАНапаѓачот е уапсен откако самиот се предал (Фото: АП)

    Седум луѓе се убиени во крајбрежниот град Халф Мун Беј во Калифорнија, што следува само два дена по масовното пукање близу Лос Анџелес, кога загинаа 11 лица. Последното пукање се случи на две одделни локации 50 километри јужно од Сан Франциско, пред напаѓачот да биде уапсен. Тој е идентификуван како 67-годишниот локален жител Жао Чунли.

    Масакрот пред два дена го изврши 72-годишник со кинеско потекло.

    Првите четири жртви на денешното пукање се пронајдени на фарма за печурки, а потоа уште три во соседна превозна компанија. Мотивот на нападот засега не е познат.

    Шерифот на округот Сан Матео, Кристина Корпус, изјави дека напаѓачот бил уапсен откако самиот се предал на паркингот на локалната полициска станица.

    Кај него е пронајден полуавтоматски пиштол, што веројатно го користел во нападот и тој соработува со полицијата“, кажа Корпус.

    Таа додаде дека осма жртва на пукањето е во болница во критична состојба.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира