ЗАМЕНИК-ШЕФОТ НА КАБИНЕТОТ НА ЗЕЛЕНСКИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА ПРЕД НАЈАВЕНИТЕ СМЕНИ ВО ВЛАДАТА

    ЗАМЕНИК-ШЕФОТ НА КАБИНЕТОТ НА ЗЕЛЕНСКИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА ПРЕД НАЈАВЕНИТЕ СМЕНИ ВО ВЛАДАТАКирило Тимошенко беше вмешан во скандалот со користењето на скапи автомобили (Фото: Гети)

    Еден од клучните соработници на украинскиот претседател Володимир Зеленски поднесе оставка во пресрет на најавените промени во владата. Кирило Тимошенко, заменик-шеф на кабинетот на Зеленски, беше вмешан во скандалот со користењето на скапи автомобили, што тој го демантира.

    Зеленски најави дека и други високи функционери ќе ја напуштат владата во следните денови. Тој кажа дека ќе спроведе серија смени во владата, регионалните власти и во безбедносните служби. Локалните медиуми велат дека заминувањето на Тимошенко, кој ја надгледуваше регионалната политика и претходно работеше во изборната кампања на Зеленски, е дел од тие најавени промени. Следни кои би можеле да бидат сменети се регионалните гувернери на Суми, Днепар, Запорожје и Херсон.

    Промените доаѓаат во време на сузбивање на корупцијата во Украина, што е едно од клучните барања на ЕУ за унапредување на нејзиното барање за членство. Властите притоа им забранија на сите државни функционери да патуваат надвор од Украина, освен ако не е неопходно.

    Заменик-министерот за инфраструктура Васил Лозински вчера беше сменет откако полицијата го приведе за наводно примање мито од 400.000 долари.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира