ГЕРМАНИЈА И САД ЌЕ ПОПУШТАТ И ЌЕ ИСПРАТАТ ТЕНКОВИ „ЛЕОПАРД“ И „АБРАМС“ ВО УКРАИНА

    ГЕРМАНИЈА И САД ЌЕ ПОПУШТАТ И ЌЕ ИСПРАТАТ ТЕНКОВИ „ЛЕОПАРД“ И „АБРАМС“ ВО УКРАИНАОдлуката на САД да испратат тенкови „абрамс“ има за цел да ги охрабри сојузниците (Фото: АП)

    Германија одлучи да испрати тенкови „леопард 2“ во Украина и да им дозволи на други земји како Полска да го направат истото, додека САД би можеле да испратат тенкови „абрамс“, изјави извор запознат со ситуацијата. Портпаролите на германската влада и на министерството за одбрана одбија да го коментираат ова.

    Киев со месеци бара западни тенкови, сметајќи дека тие ќе му ја дадат потребната огнена моќ против руската инвазија и експертите истакнуваат дека германските тенкови „леопард“ се најсоодветен избор зашто ги има во доволен број и лесно се достапни. Полска денеска испрати и формално барање до Берлин за испраќање 14 тенкови „леопард“ во Украина.

    Во исто време, двајца американски функционери кажаа дека и Вашингтон би можел да попушти и да испрати неколку тенкови „абрамс“ во Украина, што има за цел да ги охрабри сојузниците. Деталите за ова и натаму се разработуваат. 

    Германија досега беше воздржана во однос на тенковите, сметајќи дека тоа би значело ескалација на војната. Началникот на генералштабот на германската војска кажа дека ова е чисто политичка одлука, што ќе ја донесе канцеларот Шолц. 

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира