ФБИ ВРШИ ПРЕТРЕС ВО ДОМОТ НА БАЈДЕН ВО ПОТРАГА ПО УШТЕ ДОВЕРЛИВИ ДОКУМЕНТИ

    ФБИ ВРШИ ПРЕТРЕС ВО ДОМОТ НА БАЈДЕН ВО ПОТРАГА ПО УШТЕ ДОВЕРЛИВИ ДОКУМЕНТИБајден дал претходна согласност за претресот во Делавер (Фото: АП)

    ФБИ врши претрес во домот на американскиот претседател Џо Бајден во Делавер во рамките на истрагата за доверливи документи, изјави неговиот адвокат.

    Претресот беше планиран и претседателот ја даде својата полна поддршка. Затоа и немаше потреба од налог за претрес, ниту пак јавноста претходно беше известена“, кажа адвокатот Боб Бауер.

    Си-Би-Ес објави дека ова е дел од поширока истрага за ракувањето со доверливи документи. ФБИ не го коментираше претресот. Истрагата ќе ја води специјалниот советник Роберт Хур и тој оваа недела треба да почне со работа. 

    Ова е последниот во серија претреси што беа спроведени на неколку локации, откако во изминатите два месеца беа пронајдени доверливи документи во центарот „Пен Бајден“ во Вашингтон и во гаражата од домот на Бајден во Делавер. Бајден кажа дека целосно соработува со истрагата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира