Премиерот Димитар Ковачевски вели дека со новата давачка, наречена данок за солидарност, ќе бидат опфатени околу 200 компании кои оствариле приход над 10 милиони евра, а владата планира да собере од нив 80 милиони евра. Законските измени се во собраниска процедура и Ковачевски очекува да бидат усвоени од пратениците.
„Законското решение се однесува на екстра профитот. Добивката од последната година се споредува со просекот од изминатите години и оној дел што е повисок за 20 проценти се оданочува со стапка од 30 отсто. Сите компании опфатени во делот на законските одредби нормално дека во своите даночни биланси на крајот на пресметковниот период треба да го прикажат и овој данок. Не би елаборирал компании поединечно, по индустрии, зашто законот е многу јасен“, кажа Ковачевски во одговор на новинарско прашање, за време на денешната посета на фабриката „Виталиа“, каде што беше и директорката на УЈП Сања Лукаревска.
Ковачевски кажа дека ваков закон и во други земји од регионот, како и во земји членки на ЕУ.