СЕ ОДБЕЛЕЖУВА 151-ГОДИШНИНАТА ОД РАЃАЊЕТО НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ, СТРОГО ОГРАНИЧЕН ПРИСТАПОТ ДО ЦРКВАТА „СВ. СПАС“

    СЕ ОДБЕЛЕЖУВА 151-ГОДИШНИНАТА ОД РАЃАЊЕТО НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ, СТРОГО ОГРАНИЧЕН ПРИСТАПОТ ДО ЦРКВАТА „СВ. СПАС“Хеликоптер и дронови постојано ја надлетуваат околината на црквата, а пристап внатре, каде што е гробот на Гоце Делчев, имаат само официјалните делегации, додека акредитираните новинари останаа на платото. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Под силно полициско обезбедување се одбележува денеска  151-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје. Хеликоптер и дронови постојано ја надлетуваат околината на црквата, а пристап внатре, каде што е гробот на Гоце Делчев, имаат само официјалните делегации, додека акредитираните новинари останаа на платото пред црквата.

    Сите пристапи се блокирани за граѓани од бројни полициски сили на стотина метри од црквата, па тие се собираат на мостот кај Меморијалниот центар на холокаустот.

    Богослужбата ја водеше архиепископот Стефан. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Први да положат цвеќе дојдоа претставниците на власта, меѓу нив претседателот Стево Пендаровски, премиерот Димитар Ковачевски, вицепремиерот Артан Груби и министрите Славјанка Петровска и Оливер Спасовски, а тогаш пристигна и градоначалникот на Карпош Стевчо Јакимовски. Богослужбата ја водеше архиепископот Стефан.

    Сите пристапи се блокирани за граѓани од бројни полициски сили на стотина метри од црквата, па тие се собираат на мостот кај Меморијалниот центар на холокаустот. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Нешто подоцна во денов треба да пристигне и делегација на ВМРО-ДПМНЕ, предводена од лидерот Христијан Мицкоски, а за напладне се очекува и бугарска делегација, на чело со министерот за внатрешни работи Иван Демерџиев. Се очекуваат и 100-150 бугарски граѓани на одбележувањето.

    Хеликоптер и дронови постојано ја надлетуваат околината на црквата. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Годишнината од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев првпат се одбележува во вакви услови.

    (Фото: Ѓ. Личовски)

    Минатиот месец, бугарските политичари Ангел Џамбаски и Костадин Костадинов дојдоа во Македонија на одбележувањето на годишнината на смртта на Мара Бунева и во центарот на Скопје ги повторија своите познати антимакедонски ставови. Потоа се случи нападот на секретарот на бугарскиот клуб во Охрид „Цар Борис Трети”, поради што и денешното одбележување беше прогласено за настан од висок безбедносен ризик.

    М. ИЛИОСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира