Паднат е системот на граничните премини, екипите се на терен и работат на ситуацијата, велат кусо од Министерството за внатрешни работи (МВР). Од МВР велат дека ќе известат кога сè кога ќе се среди и ќе почнат да се пропуштаат возила.
„Системот на граничните премини не е во функција, но екипи работат на негово оспособување . Селективно се пропуштаат само поитни случаи“, велат од МВР.
На граничниот премин Деве Баир чекаат да се подигне системот и дел од оние 100-150 бугарски граѓани, кои заедно со бугарската делегација на чело со министерот за внатрешни работи Иван Демерџиев ќе дојдат во Скопје на одбележувањето на 151-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“.