НАЈГОЛЕМАТА ИЗЛОЖБА НА ВЕРМЕР СЕ ОТВОРА ВО РАЈКСМУЗЕУМ ВО АМСТЕРДАМ

    НАЈГОЛЕМАТА ИЗЛОЖБА НА ВЕРМЕР СЕ ОТВОРА ВО РАЈКСМУЗЕУМ ВО АМСТЕРДАММеѓу делата кои ќе се изложат е и „Девојката со бисерна обетка“. (Фото: АП)

    Дваесет и осум слики од Јоханес Вермер неделава ќе бидат изложени во Рајксмузеум во Амстердам, што претставува најголема изложба воопшто на холандскиот уметник од 17. век . Поставката содржи половина од делата на Вермер, кој починал на 43 години и работел споро. Тој бил најпознат по неговата експертиза во прикажувањето на светли и интимни сцени од домаќинството.

    Директорот на Музејот Тако Дибитс, рече дека Вермер бил човек кој живеел со големо семејство и бил доста зафатен како трговец со уметнички дела, но сепак успеал опсесивно да ги усовршува делата со „тивка убавина, облеани во светлина со речиси фотографска точност“.

    Меѓу делата кои ќе се изложат е и „Девојката со бисерна обетка“, а има и повеќе големи масла на платна како и серија портрети на жени како свират на инструменти, читаат или работат нешто.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира