ЗЕМЈОДЕЛКИТЕ ЗА ПРВПАТ ЌЕ ДОБИЈАТ ПЛАТЕНО ОТСУСТВО ЗА МАЈЧИНСТВО

    ЗЕМЈОДЕЛКИТЕ ЗА ПРВПАТ ЌЕ ДОБИЈАТ ПЛАТЕНО ОТСУСТВО ЗА МАЈЧИНСТВОЛани во декември, Мрежата за заштита од дискриминација побара системско решение за тоа што земјоделките немаат право на платено породилно отсуство. (Фото: СДК.МК)

    Земјоделките за првпат ќе добиваат платено отсуство за мајчинство, одлучи Владата на денешната седница, на која ја донесе Програмата за обезбедување социјална сигурност за жените кои вршат земјоделска дејност.

    За првпат досега, со оваа Програма ќе се реши правото за користење надоместок за мајчинство, кое не е опфатено за земјоделките со прописите за платено породилно отсуство од областа на работните односи.

    „Предвидена е мерка за финансиска поддршка во износ од 81.000,00 денари за деветмесечен надоместок за мајчинство на жените кои имаат статус на осигуреник Индивидуален земјоделец, стекнат согласно Законот за пензиското и инвалидското осигурување, во времетраење од 12 месеци пред раѓање на детето. Оваа Програма е предложена како времено решение, со цел излегување во пресрет на жените земјоделки, до усогласување системско решение на кое што веќе се работи“, соопшти Владата.

    Лани во декември, Мрежата за заштита од дискриминација побара системско решение за тоа што земјоделките немаат право на платено породилно отсуство и отсуство поради боледување и повреда, што претставува нехумана и дискриминаторска политика.Околу 70 здруженија и мрежи на граѓански организации се обединија околу барањето за системско решение за овозможување на платено породилно отсуство и барањата ги испратија до Собранието, Министерството за здравство, Министерсството за труд и социјална политика и Министерството за земјодество, шумарство и водостопанство за измени и дополнувања на Законот за здравствено осигурување.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира