ПОНЕДЕЛНИК – ДЕН НА ЖАЛОСТ ВО СПОМЕН НА ЗАГИНАТИТЕ ВО ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО ТУРЦИЈА И СИРИЈА

    ПОНЕДЕЛНИК – ДЕН НА ЖАЛОСТ ВО СПОМЕН НА ЗАГИНАТИТЕ ВО ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО ТУРЦИЈА И СИРИЈАНад 29.000 луѓе загинаа во катастрофалниот земјотрес што во понеделникот ја погоди југоисточна Турција и северозападна Сирија. (Фото: АП)

    Владата го прогласи 13 февруари (понеделник) за Ден на жалост во вечен спомен на загинатите во катастрофалните земјотреси што го погодија пограничниот регион на Турција и Сирија, соопшти премиерот Димитар Ковачевски.

    „Во име на сите граѓани на Република Северна Македонија изразувам сочувство до сите кои ги загубија своите блиски. Како држава и како народ ќе продолжиме да помагаме, ќе бидеме солидарни и ќе бидеме поддршка за настраданите граѓани, за оние кои изгубија сѐ“, напиша Ковачевски на Фејсбук.

    За време на Денот на жалост, македонското знаме ќе биде истакнато на половина копје, во нашата држава и пред дипломатско-конзуларните претставништва во странство.

    Над 33.000 луѓе загинаа во катастрофалниот земјотрес што минатиот понеделник на 6 февруари ја погоди југоисточна Турција и северозападна Сирија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира